Skip to main content

OSI-модел Содржина Развој | Нивоа на референтниот модел ОСИ | Наводи | Надворешни врски | ПрегледникИнтернет технологииOSI-моделMicrosoft Knowledge Base: The OSI Model's Seven Layers Defined and Functions ExplainedISO/IEC standard 7498-1:1994ITU-T X.200 (the same contents as from ISO)„INFormation CHanGe Architectures and Flow Charts powered by Google App Engine“изворникот10.1109/TCOM.1980.1094702Cisco Systems Internetworking Technology HandbookOsi Model : 7 Layer Of The Network CommunicationМеѓународна организација за стандардиуСите статии што започнуваат со „ISO“4201284-3

ТелекомуникацииПротоколиСемрежје


англискихардверотсофтверотпротоколитемрежатаМеѓународната организација за стандардизацијаMAC адресиЕтернетлокалната мрежаИнтернетDNSвеб-прелистувачотIPTCPUDPUNIXWindowsMac OSHTTPFTPTelnetSMTPNNTP










(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());




OSI-модел




Од Википедија — слободната енциклопедија






Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето


OSI-модел (англиски: Open Systems Interconnection model) или референтен модел за отворено поврзување на системи — најкористен апстрактен опис за архитектура на мрежи. Со него се опишува комуникацијата помеѓу хардверот, програмите, софтверот и протоколите при мрежната комуникација.


OSI-моделот ја дели архитектурата на мрежата во седум логички слоеви и им доделува функции, сервиси и протоколи кои функционираат на секој од седумте слоја.




Содржина





  • 1 Развој


  • 2 Нивоа на референтниот модел ОСИ

    • 2.1 1. Физичко ниво


    • 2.2 2. Податочно ниво


    • 2.3 3. Мрежно ниво


    • 2.4 4. Транспортно ниво


    • 2.5 5. Сесиско ниво


    • 2.6 6. Презентациско ниво


    • 2.7 7. Апликациско ниво



  • 3 Наводи


  • 4 Надворешни врски




Развој |


Голем дел од сервисите и протоколите во комуникациските мрежи, функционираат како една целина. За да се опише врската помеѓу нив, нивните функции во секој од процесот на комуникацијата, а исто така за да се разбере и самиот процес, воведена е концептуална скица, т.н. референтен модел.


Уште една од причините за воведување на референтен модел е да се изврши стандардизација на самите протоколи. Во самиот почеток на настанувањето на мрежите, различни компании имаат применувано свои решенија со цел да овозможат комуникација помеѓу компјутерите во одредена мрежа


Кон крајот на 1979 година, Меѓународната организација за стандардизација (ISO) го создаде референтниот модел OSI за да ги надмине сите овие проблеми, а во 1984 година овој модел стана меѓународен стандард и водич за вмрежување.


Името отворен систем, доаѓа од тоа што е овозможено стално да се изменува, а во тоа учествуваат сите. Секоја измена која би се вовела и прифатила, станува дел од стандардот. Еден пример за отворен систем е TCP/IP протоколот.



Нивоа на референтниот модел ОСИ |


Референтниот модел ОСИ се состои од седум нивоа[1], секој познат како N-то ниво, почнувајќи од најдолното. Секое N+1 ниво, бара и зема услуги од нивото под него. Исто така, референтниот модел ОСИ е поделен во две групи:


  • Првата група ја сочинуваат горните три нивоа: апликациско, презентациско и сесиско. Со нив се опишува процесот на комуницирање помеѓу корисникот и уредот, работата на корисникот со апликациите и процесот на комуникација помеѓу апликациите како крајни точки;

  • Втората група ја сочинуваат долните четири нивоа кои го дефинираат процесот на пренос на информации од еден до друг корисник;


































Нивоа
Единица
Протоколи

Апликациско ниво
Мрежни процеси поврзани за апликацијата
Податок
HTTP, FTP, Telnet, DNS, DHCP, POP/SMTP
Презентациско ниво
Енкриптирање и кодирање на податоците
Податок

Сесиско ниво
Воспоставување на врска помеѓу крајните корисници
Податок
NetBIOS, PAP, CHAP, SSH

Транспортно ниво
Врска, сигурност, транспорт
Сегмент
Датаграм
TCP, UDP
Мрежно ниво
Логичко адресирање и рутирање
Пакет
IP, ICMP, ARP, RARP
Податочно ниво
Физичко адресирање, пристап до медиумите
Рамка (frame)
PPP, HDLC, Frame Relay
Физичко ниво
Пренос на сигнали
Бит
Token Ring
IEEE 802.11


1. Физичко ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Физичко ниво“.

Физичкиот слој ги дефинира електронските и физичките својства на мрежните уреди (мрежни адаптери, англ. NIC – network interface card). Се дефинираат напонски нивоа, број на пинови на конекторот, односно париците во каблите, или дебелината на плетењето на коаксијалниот кабел. Мрежните картички, мрежните разводници (хабови) и повторувачи (рипитери) се пример за уреди на физичкиот слој.


Главни функции и услуги што ги нуди и извршува физичкиот слој се:


  • Започнување и прекинување на врската до комуникацискиот медиум;

  • Учество во процесот на комуникација каде средствата се делат ефикасно на повеќе корисници (пр.: Контрола на проток);

  • Модулација или конверзија помеѓу претставувањето на дигиталните податоци во корисничката опрема и соодветните сигнали пренесени преку комуникацискиот канал;




2. Податочно ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Податочно ниво“.

Податочното ниво се грижи за размената на податоци помеѓу мрежните уреди за детекција/корекција на можните грешки во физичкиот слој. Уредите комуницираат со помош на „хард-кодирани“ (физички) адреси (MAC адреси кај Етернет мрежните уреди) и комуникацијата на оваа ниво е овозможена само внатре во локалната мрежа.
Преклопниците (свичевите) се уреди кои „работат“ на податочното ниво, бидејќи тие во меморијата ги чуваат сите MAC адреси на мрежните уреди кои се поврзани на нив и кога до нив ќе дојде пакет, тие ја читаат адресата на испраќачот и примачот, и воспоставуваат врска помеѓу овие два уреди.



3. Мрежно ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мрежно ниво“.

На Интернет има поврзано огромен број на уреди, а ние ги распознаваме според нивните имиња кои се во облик име.домен.вид_на_доменот (Пр.: mk.wordpress.org). Секако, тој систем е направен за да биде разбирлив за луѓето, и т.н. DNS сервери ги претвораат таквите влезови во, на пример, веб-прелистувачот, IP адреси. Но, како што знаеме, мрежните картички во уредите немаат IP адреси, туку MAC адреси. Тоа значи дека ни е потребен уште еден слој, кој тие IP адреси ќе ги претвори во MAC.


Кога секој уред поврзан на интернет би имал таблица за претворање на IP адресата во MAC, тоа би било многу непрактично, од многу причини, како што е големината на таблицата, а потоа и додавањето на нови адреси. За таа цел е смислено решение, така што на секој сегмент на мрежата (сабнет) постои насочувач (рутер), кој е проследен со таблица за насочување. Пакетите што доаѓаат до него, а не се наменети за локалната мрежа – продолжуваат понатаму, додека тие што се наменети за локалната мрежа – се проследуваат до локалната мрежа.


Додека останатите уреди на мрежата имаат по еден мрежен адаптер (NIC), насочувачот има барем два. Еден е поврзан на локалната мрежа, а другиот на надворешната, па соодветно ги насочува пакетите.



4. Транспортно ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Транспортно ниво“.

Транспортното ниво се грижи за пакетите кои патуваат помеѓу два уреди. Пример за протоколи на транспортното ниво се TCP и UDP. Доколку некој пакет се изгуби по патот, TCP ќе побара истиот да биде повторно препратен, па затоа е погоден за размена на податоци за кои интегритетот на податокот е поважен, отколку брзината на пренос на истиот.


Од друга страна, UDP нема контрола дали некој пакет се има изгубено, па затоа е подобар за мултимедијалните апликации, каде што не е толку битно дали некој пакет ќе се изгуби, туку е важна брзината на пренос.



5. Сесиско ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сесиско ниво“.

Сесиското ниво се грижи за воспоставување на врска помеѓу крајните корисници и нивна синхронизација. Најдобро се објаснува кај видеата преку интернет, каде што не сакаме да имаме тон без слика или слика без тон, или двете, но без синхронизација



6. Презентациско ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Презентациско ниво“.

Податоците кои се користат на различни уреди се кодираат на различни начини. Текст датотеките на UNIX, Windows и Mac OS на различен начин го означуваат преоѓањето на нов ред. Сите такви претворања се извршуваат (доколку се имплементирани) на презентациското ниво.



7. Апликациско ниво |



Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Апликациско ниво“.

Овој слој од OSI моделот е најблиску до корисникот. Апликациското ниво нуди мрежни услуги на корисничките апликации. Од останатите нивоа на OSI моделот се разликува по тоа што не нуди услуги на другите нивоа, туку само на апликациите кои се надвор од OSI моделот. Пример за такви апликации се програмите за обработка на текст, терминалите и слично.


Седмото ниво, воспоставува и ја синхронизира процедурата за пренос на податоци и контрола на интегритетот. Примери за протоколи на овој слој се HTTP, FTP, Telnet, SMTP, NNTP и многу други.



Наводи |




  1. Јаневски, Тони (2015) (на македонски). Интернет технологии. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје. стр. 11. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/474_Kniga-ucebnik%20Internet%20tehnologii%20od%20prof.%20Toni%20Janevski%20-%20UKIM%202015%20-%20A4%20format.pdf. 




Надворешни врски |




  • Microsoft Knowledge Base: The OSI Model's Seven Layers Defined and Functions Explained


  • ISO/IEC standard 7498-1:1994 (PDF document inside ZIP archive) (requires HTTP cookies in order to accept licence agreement)

  • ITU-T X.200 (the same contents as from ISO)


  • „INFormation CHanGe Architectures and Flow Charts powered by Google App Engine“. infchg.appspot.com. The ISO OSI Reference Model, Beluga graph of data units and groups of layers. Архивирано од изворникот на 2012-05-26. 


  • Zimmermann, Hubert (април 1980 г). OSI Reference Model — The ISO Model of Architecture for Open Systems Interconnection. „IEEE Transactions on Communications“ том  28 (4): 425–432. doi:10.1109/TCOM.1980.1094702. 

  • Cisco Systems Internetworking Technology Handbook

  • Osi Model : 7 Layer Of The Network Communication

  • Меѓународна организација за стандарди




Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=OSI-модел&oldid=3861384“













Прегледник



























(RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.248","walltime":"0.344","ppvisitednodes":"value":2251,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":90790,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":4736,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":15,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":2351,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":1,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 257.966 1 -total"," 20.65% 53.262 1 Шаблон:Наводи"," 18.46% 47.633 1 Шаблон:Нормативна_контрола"," 17.32% 44.691 1 Шаблон:ISO_стандарди"," 15.15% 39.088 1 Шаблон:Navbox"," 12.85% 33.156 1 Шаблон:Cite_web"," 12.03% 31.044 2 Шаблон:Наведување/core"," 10.25% 26.434 1 Шаблон:Наведена_книга"," 8.26% 21.306 1 Шаблон:Cite_journal"," 7.68% 19.803 1 Шаблон:Commons_category"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.045","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":1877720,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1319","timestamp":"20190811065841","ttl":2592000,"transientcontent":false););"@context":"https://schema.org","@type":"Article","name":"OSI-u043cu043eu0434u0435u043b","url":"https://mk.wikipedia.org/wiki/OSI-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB","sameAs":"http://www.wikidata.org/entity/Q93312","mainEntity":"http://www.wikidata.org/entity/Q93312","author":"@type":"Organization","name":"u0423u0447u0435u0441u043du0438u0446u0438 u043du0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0438u043du0438 u043fu0440u043eu0435u043au0442u0438","publisher":"@type":"Organization","name":"u0424u043eu043du0434u0430u0446u0438u0458u0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0458u0430","logo":"@type":"ImageObject","url":"https://www.wikimedia.org/static/images/wmf-hor-googpub.png","datePublished":"2009-04-30T13:03:00Z"(RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgBackendResponseTime":156,"wgHostname":"mw1240"););

Popular posts from this blog

Canceling a color specificationRandomly assigning color to Graphics3D objects?Default color for Filling in Mathematica 9Coloring specific elements of sets with a prime modified order in an array plotHow to pick a color differing significantly from the colors already in a given color list?Detection of the text colorColor numbers based on their valueCan color schemes for use with ColorData include opacity specification?My dynamic color schemes

Invision Community Contents History See also References External links Navigation menuProprietaryinvisioncommunity.comIPS Community ForumsIPS Community Forumsthis blog entry"License Changes, IP.Board 3.4, and the Future""Interview -- Matt Mecham of Ibforums""CEO Invision Power Board, Matt Mecham Is a Liar, Thief!"IPB License Explanation 1.3, 1.3.1, 2.0, and 2.1ArchivedSecurity Fixes, Updates And Enhancements For IPB 1.3.1Archived"New Demo Accounts - Invision Power Services"the original"New Default Skin"the original"Invision Power Board 3.0.0 and Applications Released"the original"Archived copy"the original"Perpetual licenses being done away with""Release Notes - Invision Power Services""Introducing: IPS Community Suite 4!"Invision Community Release Notes

199年 目錄 大件事 到箇年出世嗰人 到箇年死嗰人 節慶、風俗習慣 導覽選單