Skip to main content

Веркор (писател) Живот и дело | Критички осврт врз творештвото на Веркор | Наводи | Прегледник

Француски писатели


француски26 февруари1902ПаризФранција10 јуни1991електротехникаграфиката192619351941антифашистиШампањМолкот на моретоГестапопечатницаконцентрационите логориРене Лалувојната194619501952романотИзопачени животниетикаесејотморалотеволуцијаприродатахуманистичко1961Силвалисицакнижевностјазицикомета










(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());




Веркор (писател)




Од Википедија — слободната енциклопедија






Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето


Веркор (француски: Vercors) (26 февруари 1902, Париз, Франција - 10 јуни 1991, Париз, Франција) бил француски писател.



Живот и дело |


Веркор, чие вистинско име е Жан Марсел Брилер (Jean Marcel Bruller), е роден во граѓанско семејство, во Париз. Татко му имал издавачка куќа. Почитувајќи ја желбата на татко му, Веркор завршил електротехника, но не станал инженер, туку им се посветил на цртањето и графиката. Во периодот меѓу двете светски војни тој објавил неколку албуми со цртежи и графики. Така, во 1926 година излегол неговиот прв албум, насловен како „21 рецепт за насилна смрт“, полн со лесен хумор и иронија. Неговото најважно дело е збирката со бакрорези, „Играта на смртникот“ (1932-1938) чија основна тема е очајот поради бесмисленоста на човековиот живот. Во 1935 година го објавил албумот „Пекол“, рамноправно со цртежите, Веркор започнал да става и обемен текст, со што ова дело се јавува како претходник на неговата писателска кариера.[1]


Во 1941 година, една група интелектуалци-антифашисти, собрани околу илегалното списание „Слободни мисли“, еден член на редакцијата, Пјер де Лескир се сетил на својот пријател Брилер, кој во тоа време ја напуштил уметноста и работел како дрводелец во едно село во покраината Шампањ. Новелата „Молкот на морето“ среќно го избегнало запленувањето од страна на Гестапо, кој во меѓувреме ја открил илегалната печатница на „Слободни мисли“ и така новелата излегла како прва книга на илегалните „Полноќни изданија“.[2]


По успехот на првата новела, набргу излегла и втората негова новела „Патот кон ѕвездата“, која претставувала потврда дека е роден голем писател. До крајот на војната, Веркор ја објавил и расказот „Сон“ во кој ги опишал ужасите на концентрационите логори. За овој расказ пофално се изразил познатиот критичар Рене Лалу. По војната, Веркор имал активен јавен живот и наговорен од соборците станал директор на „Полноќните изданија“, учествувал во Движењето за мир и бил избран за претседател на националниот комитет на писателите. Во првите години по војната имал незапаметен успех, а неговите малубројни дела повеќепати се објавувале.[3] Сепак, постепено неговата слава избледела, а меѓу 1946 и 1950 година тој доживеал одредена уметничка криза. Од овој период потекнуваат новелата „Очи и светлина“ и романот „Моќта на денот“ (претходно ја објавил новелата „Оружјето на ноќта“, а најдобро негово дело од овој период е есејот „Помалку или повеќе човек“. Сепак, Веркор ја пребродил кризата и во 1952 година излегло неговото ремек-дело, романот „Изопачени животни“.[4]



Критички осврт врз творештвото на Веркор |


Својата етика, Веркор ја изложил во есејот „Човечката буна“ во која зборува дека моралот е во спротивност со природната еволуција, а човекот е бунтовник против природата и против правото на посилниот. Човекот ги брани слабите од посилните и тоа е основата на човечкото својство.[5]


Творештвото на Веркор е длабоко хуманистичко и во сите негови дела се поставува проблемот на човековата совест. Неговите дела од вториот период се уметнички посовршени и со нешто поинакви теми во споредба со расказите со воената тематика. Во 1961 година излегол последниот роман „Силва“, со фантастични елементи (претворање на една лисица во жена). Подоцна, некои критичари му ја оспорувале вредноста на неговото дело, а други го ставале во врвот на европската книжевност. Од една страна, делата на Веркор се преведени на над 20 јазици, но останува фактот дека постепено тој бил заборавен и за него се зборува како за комета која набрзина поминала низ книжевното небо и исто толку брзо и исчезнала.[6]



Наводи |




  1. Radivoje Konstantinović, „Pogovor“, во: Verkor, Ćutanje mora. Beograd: Rad, 1964, стр. 126-127.


  2. Radivoje Konstantinović, „Pogovor“, во: Verkor, Ćutanje mora. Beograd: Rad, 1964, стр. 127.


  3. Radivoje Konstantinović, „Pogovor“, во: Verkor, Ćutanje mora. Beograd: Rad, 1964, стр. 127.


  4. Radivoje Konstantinović, „Pogovor“, во: Verkor, Ćutanje mora. Beograd: Rad, 1964, стр. 128.


  5. Radivoje Konstantinović, „Pogovor“, во: Verkor, Ćutanje mora. Beograd: Rad, 1964, стр. 129.


  6. Radivoje Konstantinović, „Pogovor“, во: Verkor, Ćutanje mora. Beograd: Rad, 1964, стр. 130.










Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Веркор_(писател)&oldid=3497204“













Прегледник


























(RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.044","walltime":"0.064","ppvisitednodes":"value":170,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":261,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":38,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":7,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":2015,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":0,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 34.407 1 Шаблон:Наводи","100.00% 34.407 1 -total"," 29.37% 10.106 1 Шаблон:Main_other"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.002","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":541184,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1239","timestamp":"20190818164454","ttl":2592000,"transientcontent":false););"@context":"https://schema.org","@type":"Article","name":"u0412u0435u0440u043au043eu0440 (u043fu0438u0441u0430u0442u0435u043b)","url":"https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE%D1%80_(%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB)","sameAs":"http://www.wikidata.org/entity/Q462634","mainEntity":"http://www.wikidata.org/entity/Q462634","author":"@type":"Organization","name":"u0423u0447u0435u0441u043du0438u0446u0438 u043du0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0438u043du0438 u043fu0440u043eu0435u043au0442u0438","publisher":"@type":"Organization","name":"u0424u043eu043du0434u0430u0446u0438u0458u0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0458u0430","logo":"@type":"ImageObject","url":"https://www.wikimedia.org/static/images/wmf-hor-googpub.png","datePublished":"2016-06-15T21:58:48Z"(RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgBackendResponseTime":169,"wgHostname":"mw1326"););

Popular posts from this blog

Canceling a color specificationRandomly assigning color to Graphics3D objects?Default color for Filling in Mathematica 9Coloring specific elements of sets with a prime modified order in an array plotHow to pick a color differing significantly from the colors already in a given color list?Detection of the text colorColor numbers based on their valueCan color schemes for use with ColorData include opacity specification?My dynamic color schemes

Invision Community Contents History See also References External links Navigation menuProprietaryinvisioncommunity.comIPS Community ForumsIPS Community Forumsthis blog entry"License Changes, IP.Board 3.4, and the Future""Interview -- Matt Mecham of Ibforums""CEO Invision Power Board, Matt Mecham Is a Liar, Thief!"IPB License Explanation 1.3, 1.3.1, 2.0, and 2.1ArchivedSecurity Fixes, Updates And Enhancements For IPB 1.3.1Archived"New Demo Accounts - Invision Power Services"the original"New Default Skin"the original"Invision Power Board 3.0.0 and Applications Released"the original"Archived copy"the original"Perpetual licenses being done away with""Release Notes - Invision Power Services""Introducing: IPS Community Suite 4!"Invision Community Release Notes

199年 目錄 大件事 到箇年出世嗰人 到箇年死嗰人 節慶、風俗習慣 導覽選單